Тухел: Кога играме солидно секогаш губиме

97

Во 35. коло на англиската Премиер лига Челзи е поразен од Евертон со 1:0. Тренерот на „сините“ од Лондон Томас Тухел рече дека тимот секогаш кога игра солидно и нормално, доживува пораз.

Мора да играме без грешки, да бидеме подисциплинирани на некои позиции. Имавме убав посед на топка, но не игравме најдобро. Ја контролиравме топката и промашувавме, а тоа потоа ни се удри од глава.

Мораме да се ослободиме од нормалното играње затоа што тоа е добро.Мораме да играме максимално на секој меч. Ако играме солидно или нормално секогаш губиме. Се бориме со нивото на концентрација и расположение, тоа го гледате на последните четири натпревари“, изјави Тухел.

ПретходноДва клуба од Ла Лига не му ја честитаа титулата на Реал Мадрид
СледноВитцел потврди дека заминува од Дортмунд, следна дестинација е САД!