Се чини дека УЕФА ќе го “згасне“ фудбалот во Русија. Имено како што денеска е одлучено на ИО на УЕФА, сите руски клубови и репрезентацијата на оваа земја се исфрлени од сите натпреварувања под покровителство на УЕФА и за следната 2022/23 сезона.
Секако дека ова тежок удар за рускиот фудбал, по малку и неочекуван, ако се знае што кажа Александер Чеферин, дека рускиот фудбал, односно руските фудбалери не го заслужуваат тоа што им се прави.
Сепак се знае зошто е оваа одлука, а таа поради агресијата на Русија врз Украина.
Поради тоа на сите клубови од Русија и на репрезентацијата на таа земја им се забранува настап на било кое европско натреварување.
Притоа не се прифатени кандидатурите на Русија да биде организатор на ЕП во 2028 и 2032 година, а и се забрани настап и во Лигата на Нации, натпреварување кои започнува веќе ова лето.