Убава глетка во саботата попладнето на Градскиот стадион во Штип, и тоа непосредно пред почетокот на натпреварот меѓу Брегалница и Шкупи. Штипските “сини“ ја имаа таа чест први да му честитаат на новиот шампион на Македонија, па така организираа ШПАЛИР, на кој домашните играчи со ракоплескање ги испратија гостинските фудбалери на теренот, со што им ја честитаа титулата.
Да потсетиме дека овој меч заврши со победа на Брегалница од 4:1.