Томи Јагуриновски следната сезона ќе биде дел од екипата на Т.Пролет. Македонскиот репрезентативец по епизодата на Исланд се враќа во домашниот шампионат, и потпиша за амбициозниот суперлигаш.
„Презадоволни сме што успеавме да го договориме трансферот на Јагуриновски, македонски репрезентативец со кого ги потврдуваме амбициите за враќање во борбата за висок пласман за наредната сезона. Не се сомневаме дека тој ќе внесе дополнителен квалитет во нашата игра, но и енергија на теренот, нешто што го краси Јагуриновски низ неговата кариера“, изјави директорот на РК Т. Пролет, Сашо Огњеновски.