Русија, поточно организаторот на “Турнирот за Мир“ во Москва, кој треба да се одржи летово, посакува на него да настапи и Новак Ѓоковиќ. Познато е дека Србинот е најдобриот тенисер во светот и неговиот настап во Москва за Русија, земја која изврши агресија врз Украина, ќе биде голема дипломатска победа. Сепак дали Новак ќе настапи или не уште не се знае. Од штабот на Ѓоковиќ сеуште нема ни поврден ниту пак негативен одговор на оваа покана.