Ѓоковиќ: Срцето ми е скршено поради Бекер

452

Шесткратниот освојувач на Гренд слем турнирите, Борис Бекер е осуден на две и пол години затвор. Причината е затајување на пари и други вредности од 2,5 милиони фунти за време на стечајна постапка.

Бекер од 2013 до 2016 година беше тренер на Новак Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на денешницата е погоден од фактот дека неговиот пријател мора да помине долго време зад решетки.

„Срцето ми е скршено. Тој е мој долгогодишен пријател. Три години ми беше тренер, го сметам како многу близок и некој кој придонесе многу за моите успеси и за мојата кариера. Ми беше тешко, не знам што да кажам друго. Не би влегувал во детали, не сум во позиција тоа да го правам, но како негов пријател, многу сум тажен. Се надевам дека ќе го мине тој период во затвор, и кога ќе излезе ќе продолжи со својот живот. Ќе се молам за него. Се надевам дека ќе биде во добро здравје, пред се психолошки“, изјави Новак Ѓоковиќ.

ПретходноМангупски потег на Стојанче Стоилов во Битола (ФОТО)
СледноТомпсон ја реши драмата, Голден Стејт поведе со 1-0 (ВИДЕО)