Дончиќ како Коби Брајант и Мајкл Џордан, но Далас поразен (ВИДЕО)

452

Шести пат во НБА-лариерата, а прв пат оваа сезона, Лука Дончиќ ја мина бројката од 40 поени, беше на чекор до трипл-дабл, но сето ова не беше доволно за победа на Далас. Тимот на Словенецот во првото полуфиналето во Западот беше совлада од Феникс со 121-114.

Дончиќ мечот го заврши со 45 поени, еден помалку од неговиот рекорд во доигрувањето, имаше 15/30 од игра, 4/11 за три поени и 11/14 од линијата за слободни фрлања. Зад своето име додаде уште 12 скока, 8 асистенции, една блокада и пет изгубени топки, кои на крајот го чинеа Далас пораз.

Словенецот со овие бројки постана најмладиот играч со барем 45 поени и 10 скока во полуфиналето на плеј-офот после Коби Брајант. Покрај ова тој го има просекот на Мајкл Џорда во доигрувањето. Има 33,4 поени, колку и легендарниот кошаркар. Но, Дончиќ ова го оствари за 16 мечеви, додека Џордан за 179, но доколку продолжи да игра вака може да го украде неговиот рекорд.

На другата страна Ајтон и Букер беа лидери кај победникот, заедно постигнаа 48 поени.

На втората средба одигра синоќа, Мајами ја совлада ослабената Филаделфија со 106-92 и поведе со 1-0 во плеј-полуфиналето. Тајлер Хиро беше најефикасен со 25 поени.

ПретходноПирло седнува на клупата на Специја!
СледноНБА ѕвездата сака да го смени државјанството и да игра за Франција