И Борнмут се врати во Премиер лигата

309

Екипата на Борнмут избори пласман во Премиер лигата откако вечерва славеше победа со 1:0 над Нотингем Форест во Чемпионшип дивизијата. Во директен дуел за второто место „црвено-црните“ славеа со голот на велшкиот интернационалец Кифер Мур во 83. минута.

Со оваа победа Борнмут собра 85 бода, шест повеќе од третопласираниот Нотингем и нема теоретски шанси да падне подоле. Па така „црешките“ се враќаат во англиската елита по две години пауза. Пред неколку денови Фулам го осигура пласманот во Премиер лигата.

За последниот билет ќе се борат во бараж екипите кои се од третото до шестото место на табелата. Нотингем Форест и Хадерсфилд сигурно се таму, а за другите две конкурираат Шефилд Јунајтед, Лутон, Мидлсбро и Милвол. До крајот на регуларниот дел на сезоната има уште едно коло.

ПретходноГвардиола зачуден на прашање: „Да му аплаудирам на Реал? Не, не, зошто би го правел тоа“
СледноБарселона-Реал е првото полуфинале во Евролигата