Денеска во Струмица репрезентацијата на Македонија до 15 години славеше победа над соодветната селекција на Кипар со 3:1 во пријателски натпревар. Стрелци на головите за македонската селекција се Лука Макаловски, Горазд Ристовски и Беркај Шаини. Асистент на првиот гол беше Грашевски.
Македонија и Кипар ќе одиграа уште еден пријателски натпревар кој е закажан во четврток.
Селекторот Драган Начевски за овие два меча ги има на располагање следниве играчи:
Давид Илиоски (г), Окан Ракипи, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Даим Кадриовски, Хисар Али, Марко Киш, Лука Макаловски, Александар Грашевски, Беркај Шаини.
Павел Трајковски (г), Игли Хасани, Кристијан Ѓорѓиевски, Златко Радевски, Адмир Љатифи, Тарик Керими, Здравко Перески, Бобан Кузмановски, Каменчо Андоновски, Бамир Алиу, Нарт Усеини, Марио Митрев.