Пирло седнува на клупата на Специја!

143

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло е главен кандидат за клупата на Специја. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, кој е добро упатен во трансферите во Италија, поранешниот фудбалер на Јувентус ќе го замени Тијаго Мота на кормилото. Бразилецот ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната, па неговото место би требало да го пополни Пирло.

Специја моментално се бори да го сочува прволигашкиот статус. Бодовното салдо им е 33 бода, а ја држи 16-тата позиција. Од опасната зона е оддалечена пет бода.

Пирло досега работеше како тренер на У23 тимот на Јувентус, а потоа го презема и А тимот и за една сезона не успеа да направи значителен резултат.

ПретходноО’Саливен по седми пат е светски шампион во снукер
СледноДончиќ како Коби Брајант и Мајкл Џордан, но Далас поразен (ВИДЕО)