Португалскиот репрезентативец и член на тимот на Лил, Ренато Санчез е се поблиску до преселба во Милан, вели италијанскиот новинар и експерт за трансфери, Николо Скира. Според Скира, 24-годишниот играч е приоритетна трансфер цел на „росонерите“ за летниот преоден рок. Од друга страна Милан моментално е во интензивни преговори со агентот на играчот Жорге Мендеш и се обидува да го финализира договорот.