Седлоски: По лошиот меч во Штип, очекувам подобро издание против МЃП

164

Иако тимот на Шкупи, и официјално е новиот шампион на Македонија, сепак, актуелното првенство мора да се доигра. На Чаир тоа добро го знаат и знаат дека мора истиот да се доигра на високо ниво. Она што се случи во Штип, и поразот од 4:1 од Брегалница не смее да се повтори, а поправен испит за тоа избраниците на Гоце Седлоски имаат веќе утре кога на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Македонија Ѓорче Петров. На „Лавовите“ пак бодовите им се императив, затоа што сакаат пласман во Европа.

„Секако дека го респектираме противникот, не случајно тие се во борба за излез во Европа, но верувам дека моите играчи ќе го дадат својот максимум на овој натпревар, и ќе одиграат како вистински професионалци. Ќе се поправат по лошиот натпревар во Штип, од кои нормално никако не можеме да бидеме задоволни. Како од резултатот,  особено не од играта“, изјави Гоце Седлоски, тренерот на Шкупи.

ПретходноРатко Павличевиќ е новиот селектор на одбојкарската репрезентација
СледноПоради недолично однесување: Сараево го отстрани Велкоски од првиот тим