Деновите на Адама Траоре во Барселона се избројани, пишува шпанскиот весник „Марка“.
Траоре беше доведен во клубот во јануари како позајмен од Вулверхемптон, но потоа неговата форма падна и Каталонците сега не се подготвени да ги платат 30. милиони евра кои според преддоговорот треба да бидат исплатени ако барселона сака да го откупи неговиот договор.
Според „Марка“, Чави Ернандез претпочита да го задржи Усман Дембеле. Траоре и самиот најавил дека сака да се врати во Англија.