Јовиќ ќе биде новиот напаѓач на Борусија Дортмунд

295

Откако е повеќе од сигурно дека Ерлинг Халанд летово заминува од Дортмунд во некој од европските великани, управата на клубот, секако дека интензивно бара замена за него.

Се лицитира со многу имиња, но по се изгледа дека тоа ќе биде сегашниот играч на Реал Мадрид, репрезентативецот на Србија, Лука Јовиќ.

Своевремено Јовиќ пристина на Бернабе за фантастични 60 милиони евра од Ајнтрахт Франкфурт, но никогаш ни оддалеку не стана прва „напаѓачка виолина“ на Мадрид.

Па така, во клубоите пак кои се споменуваат како дестинација за Јовиќ најмногу се споменува Дортмунд клуб, кој дефинитивно ќе профитира од Халанд, а ќе бара едекватна замена за него.

 

ПретходноПромашувањето на сезоната доаѓа од Португалија (ВИДЕО)
СледноРенато Санчез е се поблиску до Милан