Бускетс му ветил на Чави дека ќе остане и следната сезона

111

Серхио Бускетс е подготвен да остане уште една сезона во Барселона, само за да помогне во формирање на цврсто јадро во каталонскиот гигант под раководство на Чави. Играчот од средниот ред е подготвен да остане во тимот, бидејќи Чави му рекол дека тој е важен дел од проектот.

За фудбалерот се заинтересирани клубовите од МЛС лигата, а играчот од средниот ред и минатото лето ги одби понудите кои стигнаа до него. Тој најавил дека за преселба во Американската лига ќе размислува следното лето.

Претходно„Мајсторката“ за титулата кај дамите закажана за в четврток
СледноЧеферин потврдил: Во иднина ќе има Ф4 турнир во Лигата на шампионите!