Гвардиола зачуден на прашање: „Да му аплаудирам на Реал? Не, не, зошто би го правел тоа“

1088

На прес конференцијата пред мечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити во полуфиналето на ЛШ, тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола остана зачуден на прашање на новинар дали ќе му честита на Реал за освоената титула во Шпанија.

Некогашниот тренер на Барселона се изненади на тоа дали тој и неговите играчи ќе им аплаудираат на фудбалерите на „кралскиот клуб“ (или би им спремиле шпалир) поради титулата во Шпанија.

Какво е ова глупаво прашање? Па не се однесува на Лигата на шампионите. Немам што да кажам. Ова е натпреварување под капата на УЕФА. Толку“, кажа Гвардиола.

А му честитав на Анчелоти минатата седмица. Му се восхитувам. Работеше насекаде во светот, водеше фантастични тимови. Го познавам неколку години и секогаш е мирен на натпреварите. Совршено ги контролира емоциите“, вели Гвардиола.

Новинарите го прашаа Пеп дали го гледал претходното „Ел Класико“ во кое Барселона го прегази Реал со 4:0 во Мадрид.

Не го гледав, само најзначајните моменти. А и Бензема тогаш не играше, а Карло Анчелоти во подготовката за мечот направи нешто необично со Лука Модриќ, па така не би имал премногу корист од тој меч“, рече Шпанецот.

На тој меч Анчелоти го истури Модриќ во нападот, а сега сигурно ќе игра во средниот ред.

ПретходноЛШ полувреме: Ливерпул ja изгуби магијата, падна на колена во Виљареал (видео)
СледноИ Борнмут се врати во Премиер лигата