Тренерот Руи Виторија, човекот кој го „откри“ Жоао Феликс и го „лансираше“ во првиот тим на Бенфика искажа сомнеж дека португалскиот фудбалер може да се развие во врвен играч во Атлетико Мадрид. Тој дури посочи дека Феликс може да стигне и до Златната топка, но само ако го смени Атлетико и да заигра за друг клуб од европскиот крем.
„ Жоао Феликс има карактеристики, кои не се типични за млади футболисти: чувствителност и ефикасност во движењата. Додека другите сакаат да играат со топката, тој многу добро игра без топка – значи многу добро реагира кога топката доаѓа до него и знае брзо да се ослободи од неа. Освен тоа има многу добра техника и брзо размислува, и експресно ги решава проблемите. Негова специјалност се асистенциите“, кажа Виторија за „Марка“.
„Тој подобро многу елементи во својата игра, на пример – играта во одбрана. Мислам дека тој треба да игра во екипа која доминира на теренот, за да биде поблиску до противничкиот гол. Не сакам да претерувам, но има потенцијал за Златната топка, но не може да ја освои како играч на Атлетико. Ќе повторам, тој мора да игра во екипа која често напаѓа и е во противничкиот шеснаесетник“, додава португалскиот стратег.