ЛШ: Виљареал верува во чудо, Ливерпул веќе гледа кон Париз

100

Англиски Ливерпул вечерваа на „Естадио де ла Керамика“ против Виљареал влегува во 90 минутна борба до големото финале на Лигата на шампионите. Шпанскиот тим кој е најпријатно изненадување на овогодинешниот турнир, го пречекува големиот фаворит со негатива од два гола по првиот меч на „Енфилд“ и ќе се надева на вистинска сензација за елиминирање на „црвените“.

Избраниците на Унаи Емери ја немаат предноста како што тоа беше случај во осминафиналето и четвртфиналето против Јувентус, односно Баерн Минхен. „Жолтата подморница“ загуби со 2:1 од Алавес во Ла Лига викендов и се чини дека и тоа е резултат на фактотшто мислите на сите во клубот се насочени кон реваншот против Ливерпул вечерва.

Иронично, Ливерпул е единствениот тим кој успеал да се издигне над пораз од два гола разлика во полуфиналето на најсилниот европски клупски турнир. Тимот предводен од Јирген Клоп успеа да анулира предност од три гола против Барселона во сезоната 2018/19. Виљареал, пак денеска ќе се потпре на фактот што немаат пораз на домашен терен на 12 последователни натпревари и тоа ги става во позиција на дополнителна самодоверба пред денешниот возвратен меч.

МОЖНИ СОСТАВИ:

ВИЉАРЕАЛ: Руљи; Фојт, Албиол, Торес, Еступињан; Капуе, Кокелин, Парехо; Ло Селсо; Чуквуезе, Диа

ЛИВЕРПУЛ: Алисон; Александер-Арнолд, Конате, Ван Дајк, Робертсон; Хендерсон, Фабињо, Тиаго; Салах, Мане, Луис Диаз

ПретходноПоради недолично однесување: Сараево го отстрани Велкоски од првиот тим
Следно„Мајсторката“ за титулата кај дамите закажана за в четврток