„Мајсторката“ за титулата кај дамите закажана за в четврток

110

Последната битка за женскиот шампионски пехар во домашното првенство ќе се одигра во четврток во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“. Откако Работнички успеа да се врати со серија од 2:0 во финалето против актуелните бранителки на тронот, Јанта Волеј КВ, сега остана петтиот, последен меч да решава за титулата.

Работнички на последниот меч максимално го искористи отсуството на странските одбојкарки во редовите на Јанта Волеј КВ и успеа во четири сета да дојде до израмнување на серијата. Во пресрет на „мајсторката“ која се игра на нивни терен, исто така има најава дека гостинките ќе бидат без интернационалките, што на некој начин им дава дополнителна предност на домашните одбојкарки.

„Мајсторката“ за титулата е закажана со почеток од 20.30 часот и ќе биде емитувана на МРТ 3.

ПретходноЛШ: Виљареал верува во чудо, Ливерпул веќе гледа кон Париз
СледноБускетс му ветил на Чави дека ќе остане и следната сезона