Наполи носи албански репрезентативец како евентуална замена за Осимен

278

Екипата на Наполи ова лето тргнува по потписот на напаѓачот на Челзи, Армандо Броја. Албанскиот репрезентативец импресионираше со својот настап за време на позајмицата во Саутемптон оваа сезона, со девет гола и една асистенција, па во Италија се зборува дека тој ќе биде евентуалната замена за Виктор Осимен кој сака да се пресели во Англија.

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети и раководството на клубот одобрија евентуален трансфер на Броја, па преговорите наскоро би требало да започнат.

Актуелниот голгетер на наполитанците, Виктор Осимен се зборува дека веќе преговара со преставници на Арсенал, Манчестер Јунајтед и Њукасл. Доколку дојде до можна продажба на 23-годишниот Нигериец, тогаш Наполи ќе ги насочи напорите кон 20-годишниот Броја.

ПретходноЃоковиќ преку Монфис до 1/8 финале во Мадрид
Следно„Жоао Феликс може да ја освои Златната топка, но не ако игра за Атлетико“