Раководството на ФК Сараево денеска излезе со соопштение во кое се вели дека против нашиот интернационалец Крсте Велкоски е поведена дисциплинска постапка поради кршење на клупската дисциплина. На почетокот на оваа сезона фудбалерот бил усно опоменет за недисциплина и нарушување на атмосферата во тимот, а клубот реши и официјално да поведе постапка против него по натпреварот против Борац.
Велкоски на полувремето од натпреварот во Бања Лука реагирал недолично и изразил непочитување кон тренерот и соиграчите, откако дознал дека тренерот решил да направи промена и да го остави во соблекувалната.
„Овој гест не е соодветен за ниту еден фудбалер на ФК Сараево , а особено за капитен кој треба да биде пример за другите играчи“, се вели во клупското соопштение.
фото: ФК Сараево facebook