Ратко Павличевиќ е новиот селектор на одбојкарската репрезентација

274

Искусниот српски тренер Ратко Павличевиќ ќе биде нов селектор на македонската одбојкарска репрезентација. По долги преговори, Одбојкарската федерација на Македонија постигна договор со искусниот 56-годишен стратег, кој во Маврово утре ќе ја има и првата прозивка на нашите одбојкари во пресрет на почетокот на подготовките за настап на две силни натпреварувања ова лето.

Павличевиќ е човек кој потекнува од ОК Црвена Звезда од Белград каде беше тренер и на машкиот и на женскиот тим. Зад него е богата интернационална кариера како тренер на повеќе екипи од Грција,  и Швајцарија, а едно време работеше и како тренер во Саудиска Арабија.

Неговиот последен ангажман беше на кормилото на швајцарскиот тим Шеноа.

Нашите одбојкари под раководство на Павличевиќ во Маврово треба да го минат главниот дел од подготовките за настапите во Европската сребрена лига на ЦЕВ, каде од 25 мај ги почнуваме лигашките дуели со Албанија, Босна и Херцеговина и Романија.  Пред нашата репрезентација летово е и настапот на Медитеранските Игри во Оран, Алжир.

Павличевиќ доаѓа како наследник на Душко Николиќ кој по заминувањето од Македонија седна на клупата на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

ПретходноРенато Санчез е се поблиску до Милан
СледноСедлоски: По лошиот меч во Штип, очекувам подобро издание против МЃП