Ренато Санчез е се поблиску до Милан

167

Португалскиот репрезентативец и член на тимот на Лил, Ренато Санчез е се поблиску до преселба во Милан, вели италијанскиот новинар и експерт за трансфери, Николо Скира. Според Скира, 24-годишниот играч е приоритетна трансфер цел на „росонерите“ за летниот преоден рок. Од друга страна Милан моментално е во интензивни преговори со агентот на играчот Жорге Мендеш и се обидува да го финализира договорот.

Ренато Санчез има 24 натпревари, 2 гола и 5 асистенции за Лил во Лига 1 оваа сезона. Неговиот договор со францускиот тим е до 30 јуни 2023 година.

ПретходноЈовиќ ќе биде новиот напаѓач на Борусија Дортмунд
СледноРатко Павличевиќ е новиот селектор на одбојкарската репрезентација