Се вклучи алармот: Стана најплатен тренер, сега може да остане без работа!

568

Поразот од Атлетик Билбао го загрози четвртото место на Атлетико Мадрид во Ла Лига. Избраниците на Диего Симеоне сега имаат само три бода предност пред Бетис во борбата за позицијата која води во Лигата на шампиони.

Евентуален неуспех би значело голем удар за Атлетико Мадрид, а медиумите во оваа земја пишуваат дека Диего Симеоне би можел да остане без работа.

Аргентинецот има договор до 2024 година, но во истиот постои клаузула според која двете страни можат да ја прекинат соработката доколку тимот не успее да обезбеди место во Лигата на шампиони. Тој во 2021 година го продолжи договорот и стана најплатен тренер во светот со месечна заработка од 3,3 милиони евра.

Симеоне го очекуваат тешки дуели до крајот, против Реал Мадрид, Елче, севиља и Реал Сосиедад. Бетис пак ќе игра против Барселона, Валенсија, Гранда и Реал Мадрид.

Титулата во Ла Лига оваа сезона им припадна на фудбалерите на Реал Мадрид, истата ја осигураа во минатото коло.

ПретходноТрите чекори кои Вардар 1961 треба да ги направи за да го подигне пехарот!
СледноНеверојатни 17 милиони денари кај играчите на ВИДЕОЛОТАРИЈА со МИЛИОНЕР,СУПЕР МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ