Томас Милер, нема намера своите последни фудбалски години да ги мине на некоја егзотична дестинација во која доларите ќе имаат главен збор, туку напротив, планира уште долго да биде во врвот на светскиот фудбал. Во моментов 32. годишниот напаѓач, денеска потпиша нова зоработка со Баерн Минхен, со што и официјално останува на Алианц арена до 2024 година.
Милер е во Баерн целата своја кариера, кога пристигна во младинската школа. И покрај огромниот успех, головите, трофеите, што на клупско што на репрезентативно ниво, тој никогаш не се реши да го напушти клубот, и му остана верен еве веќе две децении.