Фабио Карваљо е нов играч на Ливерпул

394

Досегашниот играч на тимот на Фулам, и актуелен младински репрезентативец на Португалија, Фабио Карваљо е нов член на тимот на Ливерпул. Момчето кое во моментов има 19. години и кое е едно до најперспективните на својата позиција, офанзивен играч за врска, односно крилен напаѓач, му пристапува на клубот од Енфилд, по неколкумесечни преговори. Оваа информација ја сподели првиот човек на Фулам, Тони Кан, кој не ја објави и сумата под која Карваљо заминува во Ливерпул, но истата јавноста тврди дека е поголема од првичните седум милиони фунти кои беа поставени како почетна цена.

Карваљо инаку уште како дете заедно со семејството пристигна во Англија и во младинските категории настапуваше за Гордиот Албион пред да го промени спортскиот пасош и да замине во Португалија.

 

Претходно„Фуријата“ не пречекува во Сарагоса
СледноТомас Милер верен на Баерн до 2024 година