Македонската фудбалска федерација заработи парична казна од ФИФА за бараж дуелот против Италија.
Нашиот најдобар национален тим на оваа средба славеше со 1-0 на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо пред околу 1.500 навивачи, стрелец на голот беше Александар Трајковски. Токму поради прославата со пиротехнички средства, ФФМ ќе мора да плати нешто помалку 2.000 евра.
Боби Милевски и неговите избраници се пласираа во финалето, но во Порто беа поразени од Португалија со 2-0.