Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, потврдил дека наскоро ќе се воведе „фајнал-фор“ во Лигата на шампионите.
Откако минатата недела беше објавено дека полуфиналето на Лигата на шампионите може да престане да се игра во 2 натпревари, како дел од најновите реформи кои УЕФА ги подготвува за најсилното клупско натпреварување, Чеферин потврди дека најдобрите четири екипи најверојатно во иднина ќе играат во еден викенд полуфинални и финален меч по примерот на ракометарите и кошаркарите.
„Ф4 во Лигата на шампионите е добра идеја е, но неколку натпревари ќе бидат изгубени. Нема да има натпревари на домашен и на гостински терен, така што ќе има помалку натпревари за радиодифузерите. Рано е да се споделуваат нови идеи со медиумите, но има планови“, рекол Чеферин.