Ѓоковиќ преку Монфис до 1/8 финале во Мадрид

215

Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид по победата над Французинот Гаел Монфис со 2:0 (6:3, 6:2). Со тоа српскиот тенисер останува на чело на АТП листата и наредната недела.

Наредниот ривал на Ѓоковиќ ќе биде подобриот од мечот Енди Мареј – Денис Шаповалов.

Во следната рунда се пласираа уште Кецмановиќ по победата над Бублик, Рублев кој беше подобар од Дрејпер, Марин Чилиќ кој го совлада Шпанецот Рамос, а и Хуркач кој беше подобар од Делиен.

ПретходноМакедонија У15 подобра од Кипар во пријателски натпревар
СледноНаполи носи албански репрезентативец како евентуална замена за Осимен