Ѓорческа ја мина првата пречка на ИТФ турнирот во Копер

102

Нашата тенисерка Лина Ѓорческа почна со победа на ИТФ турнирот во Копер, Словенија. Таа во првото коло беше подобра од Тимеа Тарушкова од Словачка со 2-0 (6:2, 6:2).

Во рамките на 2. коло, Ѓорческа за противник може да ја добие првата носителка на турнирот, Клои Пакет од Франција. Французинката е моментно на 101. место на ВТА листата и е голема фаворитка на турнирот, а во првиот настап ја очекува дуел со Буриљо од Шпанија.

ПретходноЧеферин потврдил: Во иднина ќе има Ф4 турнир во Лигата на шампионите!
СледноСекс-скандал во ФИФА: Судијки морале да легнат во кревет за да добијат добри натпревари за судење