Интересен меч на „Ла Керамика“ во Виљареал. Домашниот тим по првото полувреме води со 2:0 против Ливерпул и е на добар пат да направи сензација и да го елиминира англискиот гигант од ЛШ. „Жолтата подморница“ која прв пат игра во полуфинале, загуби на „Енфилд“ со 2:0 и тогаш беше критикувана за дефанзивната игра, но вечерва пред своите навивачи покажа дека може да биде и тоа како опасна.
Диа уште во втората минута го отвори резултатот, а во 41. минута погоди и Кокелин. И за двата гола асистираше Етиен Капуе.
Ќе биде забавно во второто полувреме. На Виљареал му треба уште еден гол за да се доближи до финалето. Со овој резултат се оди во продолженија.