Македонија У15 подобра од Кипар во пријателски натпревар

468

Денеска во Струмица репрезентацијата на Македонија до 15 години славеше победа над соодветната селекција на Кипар со 3:1 во пријателски натпревар. Стрелци на головите за македонската селекција се Лука Макаловски, Горазд Ристовски и Беркај Шаини. Асистент на првиот гол беше Грашевски.

Македонија и Кипар ќе одиграа уште еден пријателски натпревар кој е закажан во четврток.

Селекторот Драган Начевски за овие два меча ги има на располагање следниве играчи:

Давид Илиоски (г), Окан Ракипи, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Даим Кадриовски, Хисар Али, Марко Киш, Лука Макаловски, Александар Грашевски, Беркај Шаини.

Павел Трајковски (г), Игли Хасани, Кристијан Ѓорѓиевски, Златко Радевски, Адмир Љатифи, Тарик Керими, Здравко Перески, Бобан Кузмановски, Каменчо Андоновски, Бамир Алиу, Нарт Усеини, Марио Митрев.

 

ПретходноЛШ – СТАРТНИ СОСТАВИ: Морено се враќа кај Виљареал, Клоп напаѓа со Салах, Мане и Жота
СледноЃоковиќ преку Монфис до 1/8 финале во Мадрид