Екипата на Наполи ова лето тргнува по потписот на напаѓачот на Челзи, Армандо Броја. Албанскиот репрезентативец импресионираше со својот настап за време на позајмицата во Саутемптон оваа сезона, со девет гола и една асистенција, па во Италија се зборува дека тој ќе биде евентуалната замена за Виктор Осимен кој сака да се пресели во Англија.
Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети и раководството на клубот одобрија евентуален трансфер на Броја, па преговорите наскоро би требало да започнат.
Актуелниот голгетер на наполитанците, Виктор Осимен се зборува дека веќе преговара со преставници на Арсенал, Манчестер Јунајтед и Њукасл. Доколку дојде до можна продажба на 23-годишниот Нигериец, тогаш Наполи ќе ги насочи напорите кон 20-годишниот Броја.