Павличевиќ повика 24 одбојкари за Европската сребрена лига 2022

317

Новиот селектор на македонската одбојкарска репрезентација, Ратко Павличевиќ, повика 24 одбојкари за утрешната прозивка на Маврово, на стартот на подготовките пред стартот на Европската сребрена лига 2022.

Според очекувањата, неговиот избор падна практично на истите одбојкари коишто играа на последните два континентални шампионата во Словенија и во Финска, со неколкумина млади и перспективни играчи.

На техничарската позиција се повикани Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Ефтим Ричлиев и Давид Стојанов; Никола Ѓорѓиев, Стојче Арсов и Стефан Алексов се на коректорската позиција, на позицијата примач се повикани Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Васе Михаилов и новаците Блертон Бафтијари од Шкендија, Ангел Бошков од Универзитет во Тетово и Оливер Куновски од Борец.

Стандардните Филип Маџунков, Ристо Николов, Филип Савовски, Славе Наков и Филип Лепидовски се блокери, а шанса ќе има и за Михајло Мирасчиев од Штип УГД и за Христијан Андоновски од Борец. Дарко Ангеловски и Костадин Ричлиев се повикани на позицијата либеро.

ПретходноТраоре во јуни ја напушта Барселона и се враќа на Островот
СледноЛШ – СТАРТНИ СОСТАВИ: Морено се враќа кај Виљареал, Клоп напаѓа со Салах, Мане и Жота