Два дена по шампионското славје на „Сантијаго Бернабеу“ доаѓа Манчестер Сити, на реванш полуфиналниот меч во Лигата на шампиони. Првата средба заврши со победа на премиер-лигашот од 4-3.
Токму титулата во Ла Лига ќе биде дополнителен мотив за фудбалерите на Реал Мадрид да направат пресврт и да се најдат во финалето во ова натпреварување. Токму на оваа тема прашање доби и легендарниот играч и тренер на Барселона. Еден од новинарите го праша дали со играчите заедно ќе направат линија и ќе им аплаудираат на фудбалерите на Реал за титулата во Ла Лига.
Гвардиола остана благо зачуден по ова прашање бидејќи станува збор за друго натпреварување:
„Не, тоа не се однесува на Лигата на шампиони. Немам што да кажам. Нема да го сториме тоа, ова е натпреварување на УЕФА“, дециден беше Пеп.
Сепак тој откри дека лично на Карло Анчелоти му четитал претходната недела.
„Му честитав на Анчелоти минатата недела. Му се воодушевувам. Работеше со многу тимот. Тој посебна личност. Го познавам неколку година и кога сме заедно, секогаш е мирен. Совршено знае да ги контролира емоциите“, рече Гвардиола.