Со голот на Карим Бензема во 95. минута, Реал (М) го пополни неверојатниот пресврт на „Сантијаго Бернабеу“ и дојде до уште едно финале во најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите.
Откако во завршницата на регуларниот дел Родриго приреди лудило со двата гола во 90. и 91. минута и им обезбеди на „кралевите“ дополнителни 30 минути за финале, Карим Бензема, со гол од пенал по само пет минути во екстра-времето успеа да ги однесе мадриѓани до реприза на финалето од 2018 година.
На 28 мај на „Сент Дени“ во Париз, ќе гледаме уште една европска фудбалска „класика“ меѓу великаните на светскиот фудбал, Реал (М) и Ливерпул.