Тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти го собори рекордот на Марчело Липи по бројот на учества во финалните мечеви на Лигата на шампионите.
Реал Мадрид под водство на 62-годишниот Италијанец денеска го елиминираше Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите и се пласира во големото финале на 28 мај во Париз.
За Анчелоти тоа ќе биде петто финале. Тој претходно стигна до завршниот меч во 2003, 2005, 2007 година со Милан и во 2014 година со Реал Мадрид.
Карло беше поразен само во едно финале, она во 2005 година од Ливерпул на пенали.