Олимпијакос по 47. пат шампион на Грција

99

Екипата на Олимпијакос на четири кола пред крајот на грчката Суперлига ја обезбеди титулата шампион на Грција, со победата на теренот на еден од најголемите ривали, ПАОК во Солун од 2:1.

Олимпијакос по 47-ми пат стана шампион на Грција. „Црвено-белите“на четири кола пред крајот на плеј-офот имаат недостижни 16 бода предност, но нивната прослава ќе почека до 11 мај, кога на стадионот „Караискакис“ ќе го пречекаат Панатинаикос.

Претходно уште еднаш ќе гостуваат во Солун, а ривал ќе им биде Арис.

ПретходноЧеферин пред мега-дуелот на „Бернабеу“: Очекувам англиско финале!
СледноСтојчевски дебитираше за првиот тим на Жилина