ПМФЛ: „Лавовите“ од пенал во 97.минута се спасија на Чаир, моќните“пандевци“ ја „згазија“ Шкендија… (ВИДЕО)

1242

Попладнево се одиграа сите натпревари од 31.коло во ПМФЛ. Се разбира дека во центарот на вниманието беа средбите на Чаир и во Струмица, двете дербија во ова коло.

Без победник на скопската пресметка на Чаир. Шкупи со голот на Куевен имаше водство се до 90+7.минута кога се Македонија ЃП успеа од пенал, и тоа преку Ермедин Адем да се спаси за конечни 1:1.

Одличен меч од двете страни,многу шанси, но се чини дека чаирчани испуштија победа откако Чешмеџиев неспретноп реагираше во последните секунди од мечот а за судијата Ставрев немаше дилеми да покаже на белата точка.

Голем бод за Македонија ЃП во битката за Европа.

Какво газење на А. Пандев против Шкендија. Моќните струмичани со 4:2 ги победија тетовци во една од битките за Европа. Вкупно три пенали имаше на овој меч, два за домашните и еден за гостите. Супер настап на А. Пандев која сега се зацврстува на втората позиција.

Кочоски со гол во 90+2.минута му донесе триумф на својот тим Струга Трим Лум против Брегалница.

Вистинска голеада на Автокоманда. Пелистер поведе со 0:1, за да потоа Скопје успеа на крајот да победи со 4:2. Мечот го одбележа супер голот на Јанакиевски за домашниот состав.

Ренова со прекрасниот гол на Селмани успеа да слави среде Кавадарци со 0:1.

На Арената екипата на Работнички со голот на Марјан Ристовски во 90+6,.минута успеа да го победи Борец со 2:1. Претходно Станковски од пенал стрелаше за водство на домашните а Ѓорѓевиќ со супер гол од околу 35-40 метри успеа да израмни на 1:1.

Сепак на крај трите бода заминаа кај Работнички.

РЕЗУЛТАТИ – 31.КОЛО

А.ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА 4:2

(Бихорац 2, Илиев (п) 23., (п) 63., Ѓорѓиев 75./Кривак 45+2./Гури (п) 83.)

СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР 4:2

(Хајдари 11., Десниќ 13., Јанакиевски 37., Божиновски 49./Ричков 10., Маневски 57.)

РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ 2:1

(Станковски (п) 45+2., Ристовски 90+6/Ѓорѓевиќ 75.)

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1

(Куевен 59./ Адем (п) 90+7.)

СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 1:0

(Кочоски 90+2.)

ТИКВЕШ – РЕНОВА 0:1

(/Селмани 34.)

БУУУМ: Иво Јанакиевски со гол за паметење (видео)

Уште еден супер гол во ПМФЛ: Ѓорѓевиќ со лоб од oгромна далечина ја затресе мрежата на Работнички

ПретходноУште еден супер гол во ПМФЛ: Ѓорѓевиќ со лоб од oгромна далечина ја затресе мрежата на Работнички
СледноРаботнички и официјално го “спакува“ Борец во втора лига, дефинитивно Тиквеш и Скопје во бараж…