Тричко даде гол, но АЕК остана без финале на Купот (видео)

72

АЕК Ларнака не успеа да се пласира во финалето на кипарскиот куп откако денеска е поразен со 3:1 на гостувањето кај Ахна. Иван Тричковски со гол од пенал во 20. минута го доведе АЕК во водство, но домаќините изедначија со гол на Гоба во 60. минута. Во 91 и 93 минута Ахна ги постигна другите два гола за конечни 3:1. За домаќините на клупата остана македонскиот голман Мартин Богатинов.

АЕК го загуби двомечот од полуфиналето со вкупно 5:2 затоа што беше поразен и на првиот меч со 2:1.

А Ахна во финалето на Купот ќе игра со Омонија која го елиминира Анортозис со вкупни 3:1 (победа со 2:0 на првиот меч, а денеска во реваншот одигра 1:1).

ГОЛОТ НА ТРИЧКОВСКИ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ

ПретходноСекунди го делеа шампионот од триумф, Ѓорче слави голем бод… (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЛШ – СТАРТНИ СОСТАВИ: Анчелоти му даде предност на Валверде, Вокер стартер кај Сити