Чеферин пред мега-дуелот на „Бернабеу“: Очекувам англиско финале!

183

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, даде куса изјава за медиумите пред вечерашното второ реванш-полуфинале од Лигата на шампионите.

„Поради некоја причина, очекувам Манчестер Сити да стане шампион, но Ливерпул сега е исклучително силен, а Реал Мадрид е како мачка со 10 животи. Реал Мадрид како да нема одбрана, но Бензема се подобрува секоја сезона, а Модриќ на 36 години покажува фантастичен фудбал. Го имаат и Винисиус, а останатите баш и не се истакнуваат. Но, некако Реал Мадрид игра одлично во секоја рунда. Сепак, очекувам англиското финале“, изјавил Чеферин.

ПретходноЛШ – СТАРТНИ СОСТАВИ: Анчелоти му даде предност на Валверде, Вокер стартер кај Сити
СледноОлимпијакос по 47. пат шампион на Грција