Шеји: Примивме гол во последните секунди, иако доминиравме цел меч

213

Новиот македонски шампион Шкупи денеска во меч од 31. коло на ПМФЛ ремизираше, 1:1, против Македонија ЃП.  По натпреварот за официјална веб-страница на клубот, дефанзивецот Блертон Шеји со свои размислувања за дуелот.

„Беше тежок натпревар, игравме против добро организиран тим, доминиравме во текот на целиот натпревар, но судбината ни го сврте грбот каде во последните секунди успеаја да постигнат гол од пенал. Секако дека тоа беше епизода што треба да се заборави, сега продолжуваме да работиме за следниот натпревар “, изјави Шеји .

ПретходноСтојчевски дебитираше за првиот тим на Жилина
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Без голови во Мадрид, Куртоа го држи Реал во живот (ВИДЕО)