Андриќ за Лавот Адеми: Аријан е најдобриот играч со кого сум играл, легенда на Динамо!

235

Зарем треба да се каже што значи Аријан Адеми за Динамо Загреб, за нашата фудбалска репрезентација. Вистински Лав кога станува збор за неговиот однос кон дресот што го носи кога е на терен. Миленик на фановите на Динамо, миленик на целата наша јавност. Лавот Адеми има играно заедно со многу познати фудбалски имиња и сите во суперлатив говорат за него.

Па така и Комнен Андриќ, српскиот напаѓач во Динамо Загреб, со свој коментар за Адеми.

Без никакви дилеми Аријан Адеми, нашиот капитен и предводник на Динамо Загреб е убедливо најдобриот фудбалер со кого сум играл. Фантастична личност, голем, екстра фудбалер. Тој е вистинска легенда на Динамо Загреб“ посочи покрај другото деновиве Србинот за нашиот репрезентативец и капитен на “модрите“.

ПретходноРеал VS Сити: Мега – дуел меѓу „кралевите“ и “граѓаните“…цела планета е на нозе!
СледноКасано за Алегри: Потроши 100 милиони евра, а ќе заврши четврти! Под итно да му се даде отказ