Гинтер по осум години се врати во Фрајбург

85

Германскиот репрезентативец Матијас Гинтер е нов играч на бундеслигашот Фрајбург. 28-годишниот централен бек по завршувањето на сезоната ќе го напушти Борусија Менхенгладбах и ќе се приклучи на Фрајбург со кого потпиша договор до јуни 2026 година.

Всушност Гинтер се враќа во клубот во кој ја почна кариерата. Играше за младинските категории, а во првиот тим помина две сезони, па потоа премина прво во Борусија Дортмунд, па од таму во Менхенгладбах.

Тој се враќа во матичниот клуб како слободен играч. Инаку Гинтер е светски шампион со Германија од 2014 година, а во Бундес лигата може да се пофали со трофеј во Купот со Дортмунд во сезоната 2016/17.

ПретходноЛШ: Реал е мачка со 9 животи, Родриго со два гола во две минути обезбеди продолженија (ВИДЕО)
СледноЛШ: Бензема го запечати лудиот пресврт во Мадрид, Реал патува во финалето во Париз (ВИДЕО)