По Брегалница во минатото коло, денеска на Чаир и фудбалерите на Македонија ЃП со шпалир им честитаа на играчите на Шкупи за шампионската титула. Убава глетка, се разбира дека треба да му се честита на најдобриот.
А капитенот на „лавовите“ Ермедин Адем, од името на клубот му подари и цвеќе на капитенот на чаирчани, Кристијан Наумовски по повод освојувањето на титулата.