Првите 45 минути од реванш-полуфиналето меѓу Реал (М) и Манчестер Сити минаа без погодок. Внимателната игра и на двете страни не донесе премногу шанси за гол, но со оглед на статистиката, Манчестер Сити беше чекор поблиску до мрежата на Куртоа.
Англичаните имаа најмалку три добри удари кон голот на Куртоа, но благодарение на одличниот белгиски чувар на мрежата на „кралевите“, резултатот остана непроменет. Сити и натаму ја има предноста од првиот натпревар (4:3), па Реал веќе нема простор за тактизирање и од стртот на вториот дел мора да тргне посериозно во напад.