ЛШ: Реал е мачка со 9 животи, Родриго со два гола во две минути обезбеди продолженија (ВИДЕО)

453

Неверојатни завршни минути во реванш-полуфиналето од Лигата на шампионите во Мадрид го вратија „кралскиот клуб“ од „мртвите“ и му обезбеди продолженија за финале. Реал од загубен меч, успеа за 2 минути со два гола на „џокерот“ на Анчелоти, Родриго, да дојде до победа од 2:1, да ја анулира минималната предност на Манчестер Сити од првиот меч и да обезбеди дополнителни 30 минути игра на „Бернабеу“.

Англичаните веќе беа подготвени да слават. Во меч во кој доминираа 89 минути, дури и успеаја да обезбедат водство со голот на Ријад Марез во 73. минута по што веќе имаа два гола предност во вкупниот биланс (5:3). Мечот умешно го менаџираа до самиот крај, па дури и имаа две 100% шанси преку Грилиш да ја запечатат победата и пласманот во финалето, но кога веќе мечот одеше во продолженија, Родирго стапи на сцена.

Најпрво во 90. минута по асистенција на Бензема погоди за 1:1, а веќе во следната минута по извонредниот центаршут на Карвахал со глава по вторпат го матираше Едерсон за победа од 2:1. Интересно е што до 89. минута Реал немаше упатено ниту еден директен удар кон голот на Едерсон.

ПретходноОлимпијакос последен учесник на Ф4 турнирот од Евролигата
СледноГинтер по осум години се врати во Фрајбург