Мемфис ги победи и ги испотеа Вориорс: Еден играч во болница, другиот на шиење (ВИДЕО)

440

Бостон и Мемфис им се реваншираа на своите противници за првиот пораз во втората рунда од плеј-офот, изедначија на 1-1 во серијата.

Гризли беа подобри од Голден Стејт со 106-101 на крилата на неверојатниот Морант, кој средбата ја заврши со 47 поени, во последните пет минути постигна повеќе поени од целиот тим на Вориорс (15-12). Гостите на оваа средба остнаа без Пејтон, кој доби повреда на лактот и беше префрлен во болница, а по еден удар во окото Грин заврши на шиење.

Пејтон настрада по еден груб фаул на Брукс, кој за овој потег доби икслучување, а му се заканува и суспензија за следниот натпревар. Пејтон во контра напад се подигна да положи, по фаулот, падна и го скрши лактот.

Грин пак доби лакт во око, неговото десно око беше целосно затворено, па мораше да оди во соблекувална и на лице место да биде сошиен. Се врати назад и го заврши мечот.

Мечот беше отворен до самиот крај, Вориорс во последните четири минути влегоа со предност од четири поени, но Морант ги превзема работите во свои раце. Со 47 поени постигна рекорд во неговата кариера во доигрувањето.

Голден стејт потфрли во реализацијата за три поени (7/38), Кари запиша 27 поени, Пул 20.

Бостон славеше против шампионот со 109-86. Од самиот старт имаше контрола на мечот, на полувремето имаше позитива од 25 поени. Јанис Адетокумбо мечот го заврши со 28 поени, девет скока и седум асистенции, едноставно не можеше сам да се бори против Бостон.

На другата страна Браун веќе во првата четвртина постигна 17 поени од вкупните 30.

ПретходноСадио Мане испиша рекорд, Ливерпул влезе во историјата на англискиот фудбал
СледноЈагањац се расплака по чудесната партија во Данска (ВИДЕО)