Кошаркарите на Феникс 2010 ја прекинаа серијата од два порази и со победа го отворија 5. коло од Суперлигата. На домашен терен, младиот и амбициозен тим на Феникс успеа да направи мало изненадување совладувајќи го третопласираниот тим на табелата, Еуро Никел со 76:67.
Извонредна партија денеска имаше Михајлоски, кој со 28 поени ги предводеше домашните до победа. Добар настап кај победничкиот тим имаше и Митревски со 18 поени, па овие двајца едноставно беа незадржливи за гостите од Кавадарци.
Еуро Никел денеска имаше очаен шут (реализација од 35%) од поле, што веројатно и беше една од причините за поразот. Најефикасен кај гостите заврш Димчевски со 16 поени.