Четири минути пред крајот, Голден Стејт имаше четири поени предност против Мемфис, но тогаш Џа Морант направи серија од 15-6 и го доведе својот тим до победа од 106-101 во вториот полуфинален дуел за 1-1 во серијата.
Мечот го заврши со 47 поени и го изедначи својот рекорд кога станува збор за плеј-офот. Тој е единствениот кошаркар кој постигнал толку поени во доигрувањето оваа сезона, претходно Лука Дончиќ постигна 45 поени во поразот на Далас од Феникс.
Младата ѕвезда влезе во друштво на Коби Брајант и Леброн Џејмс како трет играч кој пред 23 години најмалку двапати постигна барем 45 поени. Минатата сезона против Јута реализираше 47 поени.